Граѓаните ќе протестираат и тужат

Богоев сака по секоја цена да го донесе контравезниот ДУП за Трнодол

Револтирани од насилното инсистирање на градоначалникот на скопската општина Карпош Стефан Богоев кого го обвинуваат дека по секоја цена сака да го истурка носењето на контравезниот ДУП, граѓаните се подготвуваат за протести и неколку тужби кон Општината, Градоначалникот , а можеби и кон општинските и градски советници .

Граѓаните на скопската општина Карпош се мобилизираат за протести против првиот човек на општината Стефан Богоев и останатите надлежни за носењето на ДУП-от со кој е планирана изградба на нова населба која би била копија на онаа околу бившиот хотел „Панорама“, а која како што велат граѓаните повеќе би наликувала на Дебар Маало отколку на Парк- шума како што засега се именува.

Со транспаренти на кои пишува „И по cтефчо – Стефан“ , „Никој не е ГЛУП , да прифати ваков ДУП и ГУП“ , „Ако пролизга Трнодол, ќе пролизга и некој до Идризово“, Улица Козле - не сака  да стане козја патека“ граѓаните најавуваат дека освен протести ќе поднесат и тужби против надлежните.

Откако општината ја закажа втората јавна презентација за утре во 15.30ч. граѓаните бараат таа да биде во нормално време после 17 часот, а првата јавна расправа ја сметаат за неоддржана и прекината поради немање на документи од страна на општината.

Веќе е поднесена преставка пред уставниот суд за преиспитување на носење на новиот регулациски план донесен во Јуни месец 2018 г. од страна на Град Скопје и каде на чуден начин е поделена населбата и споена со т.н. Шпанско село, а се со цел да може да се издејствува помала густина на населението, велат граѓаните кои појаснуваат дека на тој начин ќе може да се вцртуваат нови градби, без ограничувања и без да се запазат законските нормативи за сообраќај и живеење.

„Целата постапка е контравезна уште од самиот почеток кога во сред лето беше распишана јавна презентација со непрофесионално изработениот предлог ДУП, а сега пред нова година пред славата св. Никола се брза да се донесе ДУП , кој може да предизвика лизгање на големи земјани маси поради градење во заштитно зеленило под брдото и во заштитниот канал од поплави. Истивремено се загрозува и сообраќајната безбедност на улица Козле и Трнодол, како и отварање на можност за градежна инвазија и градење на населба, која навлегува во заштитното подрачје на Парк шумата Водно, а која ќе се протега над контравезното Шпанско село и над населбите Трнодол, Жданец и Козле , а до која е планирано да се пристигнува преку планираната јужна обиколница и сервисниот пат кои треба да поминува низ самата населбата Трнодол по несоодветни и тесни улици.“, децидни се граѓаните.

Спорен детал се и маркиците за градба кои се директно позиционирани врз каналот што ги собира водите од планината. Планираните петокатници дефинитивно ќе го загрозат слободниот проток на води  во случај на големи дождови и додатно ќе го поткопаат брдото.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе