Општина Центар

Богдановиќ: Во ОЈО се предадени 28 предмети за склучени договори за отуѓување градежно земјиште

Со одлука за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на државата од 18.12.2018 година, Општина Центар по долго време го добива на располагање неизграденото градежно земјиште во сопственост на државата и предметите поврзани со земјиштето.

По добивање на предметите, стои во соопштението од Општина Центар, до Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и до Единицата за корупција во МВР, доставено е известување за констатирана состојба во форма на извештај за сите предмети кои биле предадени и за кои се должни да ги следат договорите и да постапуваат.

„Станува збор за вкупно 28 предмети во врска со склучени договори за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање. Меѓу нив е и предметот за ‘Шпанските скали‘, за кој Обвинителството за организиран криминал и корупција минатата недела соопштија дека покренале обвинение“, пишува во соопштението.

Во почетокот на 80-тите години тогашниот скопско-призренски бискуп Јоаким Хербут и тогашниот градоначалник на Скопје, Методи Антов, на местото на кое некогаш се наоѓала куќата на Мајка Тереза, во знак на почит, засадиле три дрва. На истата таа парцела во февруари 2012 прв пат во Деталниот урбанистички план Мал Ринг се вцртани таканаречените „Шпански скали“.

„Во ноември 2013 година земјиштето кое што се наоѓало во сопственост на државата, се отуѓува во корист на компанијата Амадеус Девелопмент, за изградба на објект од комерцијални и деловни намени. Врз основ на член 66 став 1 од Законот за градење, поради неотпочнување на градба од страна на инвеститорот, Општина Центар го поништи одобрението за градење“, изјавил на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Богдановиќ како друг пример го навел и предметот на компанијата Графички Центар, тогаш во сопственост на МПМ, за парцела во ДУП-от Тетовска трошарина за изградба на објект со намена В3 – култура.

Во декември 2012-та година Графички центар добива писмено известување од НУ Конзерваторски центар дека на таа локација можно е да има подземни муслимански некрополи од 19. век и оти услов за добивање одобрение за градење е претходно да се направи сондажно археолошко истражување.

Иако Графички центар не го извршува тоа сондажно археолошко истражување, во декември 2013 земјиштето е отуѓено за изградба на објект со намена В3 – култура. Од октомври 2014 до февруари 2017, постојат преписки помеѓу Министерството за транспорт и врски, Графички центар ДОО Скопје и НУ Конзерваторски Центар – Скопје поврзани со барање за пролонгирање на рокот за добивање одобрение за градење поради пронајдени остатоци од муслимански некрополи од 19 век.

Богдановиќ дополни дека Општина Центар ќе го продолжи трендот на преземање дејствија и покренување истраги за сите предмети кои ги следи општината, односно за сите градежни парцели за кои се склучени договори за отуѓување градежно земјиште.

 

 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе