Општината ги повикува сите заинтересирани

Богдановиќ повикува на јавна дебата за Мал ринг

Утре, среда, во салата на Советот на Општина Центар (барака бр. 6), ќе се одржи јавната презентација на предлог ДУП-от Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1 и тоа во две групи од 10 и од 12.30 часот, за да се спроведат здравствените безбедносни мерки за заштита од корона вирусот.

Општината ги повикува сите заинтересирани да дојдат на јавната презентација и да ги искажат своите ставови и предлози за изготвување на квалитетен Детален урбанистички план.

Овој ДУП ќе биде многу поквалитетен и во интерес на граѓаните и на Општина Центар. Како градоначалник на Општина Центар сакам да посочам дека Општина Центар до сега не преземала никакви дејствија со кои се нанесува штета на општината или државата. Ние само лошиот ДУП го менуваме со поквалитетен. Против проектот Скопје 2014, кој е легален криминал, се бориме со легални средства. До сега како градоначалник, не дозволив да се изградат Шпански скали во Централното градско подрачје, заедно со граѓаните се боревме и не дозволивме да се изгради катна гаража во паркот позади Домот на АРМ. Во Центар сврте бројчаникот, вративме 30 милиони денари, пари на граѓаните од „мостот Око". Во предлог планот ги избришавме трите неизградени галии, 15 сендвичари или киосци, фонтани и споменици, за кои не се започнати управни дејствија. Успеавме и да го избришеме „Газебото" пред МЕПСО, како и да го збогатиме просторот со нови зелени површини (во западниот дел на улица Орце Николов). Против криминалот се бориме со легални правни средства: Поднесов до ОЈО 27 кривични пријави за проектот Скопје 2014. Како голем успех го сметаме проектот што сите државни парцели наменети за згради ги пренаменивме во објекти за култура, напиша градонаќалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

За одржување на овој јавен настан, уверува дека ќе бидат почитувани сите препораки и мерки за безбедност од корона вирусот.

Согласно капацитетот на салата и за да нема поголемо групирање на граѓаните, со што би се загрозила здравствената сигруност на граѓаните, јавната презентација ќе се одржи во две групи, првата со почеток во 10 часот, а втората од 12.30 часот. Јавната презентација ќе се одржи почитувајќи ги сите мерки препорачани од надлежните институции. При влезот во салата, задолжително ќе се мери телесна температура, а правните и физичките лица кои ќе сакаат да присуствуваат ќе мора да се придржуваат до мерките, односно да го запазат минимум потребното растојание помеѓу нив, да се дезинфицираат со средствата за дезинфекција при влегувањето во салата на Советот и на себе да носат заштитна опрема, односно заштитна маска, шал или марама. Општина Центар ќе обезбеди услови присутните граѓани во салата да седат на потребното растојание.

Од друга страна пак, денеска од Асоцијацијата на архотекти му порачаа да не се прави јавна расправа за Мал ринг затоа што во планот се планирани истите објекти кои беа спорни и во претходниот криминален план со кој беше овозможена изградба на објектите од таканаречениот проект „Скопје 2014".

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе