Реакција

Богдановиќ јавно да соопшти кои фирми и поединци им се заканувале на советниците на Општина Центар за Треска

Од градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ бараме јавно да ги објави имињата на фирмите и индивидуите кои во петокот им упатиле заканувачко писмо во врска со можната одлука за урбанистичкиот план на локацијата Треска, бара здружението на граѓани Во одбрана на Буњаковец.

Oва е случај што ќе се изучува во школи како пример за дејство на урбана мафија. Или е правилно „градежна мафија“ или „урбанистичка мафија“, велат од здружението.

Во петокот Општина Центар соопшти дека на седницата на Советот, во прилог на допис доставен од Агенцијата за планирање на просторот, било изнесено и известување од инвеститорите и сопствениците на земјиштето кај „Треска“ (предмет на сомнителна приватизација спротивна на јавниот интерес – забелешка од Во одбрана на Буњаковец) со закана за кривични пријави против советниците и градоначалникот ако ја продолжат постапката за тендер и ако ги суспендираат постојните (нелегални – забелешка од Во одбрана на Буњаковец) урбанистички планови.

Граѓанските здруженија ги повикуваат советниците да не подлегнат на заканите.

Од општината објаснуваат дека дописот што се разгледувал од Агенцијата за планирање на просторот всушност бил одговор на покана за делегирање на членови во тендерските комисии за идејно решение за локацијата на поранешна „Треска“. Од Агенцијата одговориле дека нема да делегираат членови ниту во тендерските комисии (комисија за јавни набавки и жири комисија за избор на идејно решение).

Дописот од сопствениците и инвеститорите бил доставен преку ополномошен адвокат. Општинарите велат дека се работи за груба и директна закана кон Советот и советниците на Општина Центар. Во дописот сопствениците и инвеститорите вусшност бараат тендерската комисија да не го спроведе тендерот, но и да не ги суспендира постојните детални урбанистички планови. Освен тоа се бара и прекин на постапката за спроведување на конкурсно решение и да не се суспендираат постојните детални урбанистички планови.

„Сакаме да ја известиме јавноста дека Советот во целост е згрозен од ваквото грубо мешање во нивната работа и уверувањето на советниците при носење на одлуки на пленарна седница“, велат од општината и додаваат дека се работи за најгруб притисок врз Советот и отворена закана за поднесување неосновани кривични пријави. Целта, според општина Центар, е да се влијае врз одлуките на Советот „за да ја задоволат волјата на приватните инвеститори, а сето тоа на товар и на штета на оние кои што ги избрале – граѓаните“.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе