Градоначалникот на општина Центар за вчерашната сеча

Богдановиќ: Исечените дрва беа опасни за граѓаните, ќе засадиме нови

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во одговор на новинарско прашање денес во врска со исечените дрва на булеварот Орце Николов, одговори дека нема да фали ниту едно дрво на местата каде што ќе бидат исечени, како што рече, стари и суви дрва.

Богдановиќ појасни дека дрвата биле опасни, стари и без корени, а граѓаните реагирале на секаква промена.

„Ние кога најавивме, најавивме дека нема да фали ниту едно дрва на местата каде што се засадени. Ако е утврдено дека дрвото е старо и суво, секако дека ќе биде заменето. Луѓето реагираат при било каква промена и сеча и овие дрва се опасни. При најмал дожд или реконструкција на улицата, може да направат проблем. Дрворедот ќе биде обновен. Дел од тие дрва кои вчера беа исечени воопшто немале корени и само требало посилен дожд за некој да настрада. Не се отстрануваат дрва за да никне некој објект, туку се отстрануваат за да не настрада некој", вели Богдановиќ.

Тој додаде дека од 13, се отстранија само 8 и сите ќе бидат заменети.

„Отстранетите дрва се суви исушени или без корени, Дрвата се шупливи, а дел немаат ниту корени и тоа значи дека може да падне во секој момент,. Имаме дописи до Град Скопје и луѓето во зградите алармираа дека редовно им паѓале гранки и не се чувствувале безбедни. Во дрворедот на Орце Николов има 171 дрво, а решение има за 13 дрва. Вчера беа отстранети 8, а на истото место ќе бидат засадени нови. Тој дрворед не е третиран години, години и децении. Како што ќе оди реконструкцијата, се што е опасно дрво ќе биде заменето. Отстрануваме болно, старо и исушено дрво. Прво се реакциите од граѓаните, па ние реагираме до Град Скопје и потоа се прави проценка и се отстрануваат дрвата", појаснува Богдановиќ. 

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе