Презентиран новиот ДУП Градска четврт И 06-Пролет

Богдановиќ: Државното земјиште што било предвидено за градба во општина Центар ќе се пренамени во зеленило

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска на прес-конференција преку презентација ги образложи одлуките кои минатата недела беа донесени во врска со ДУП Градска четврт И 06-Пролет од страна на Советот.

„Ова претставува четврти  ДУП од вкупно 31 за кои допрва Советот ќе треба да расправа. За разлика од минатата општинска администрација, се трудиме овие расправи и одлуки да ги носиме јавно и транспарентно, преку јавна анкета каде граѓаните ќе можат да учествуваат со сугестии и коментари“, рече Богдановиќ.

Тој најави дека државното земјиште кое било предвидено за градба во општина Центар ќе се пренамени во зеленило.

„Нема да има зграда до зграда и да си гледаат соседите дома, туку има значително растојание меѓу зградите. Новата градинка е во рамки на училиштето и се работи за убава површина согласно параметрите за градинка. Површината е на 1.992 метри квадратни. Висината е според прописите, а има предвидено и двор“, изјави Богдановиќ.

По две години, според него, општинската администрација вложила максимални напори да се измени она што може, бидејќи до сега Деталните урбанистички планови биле ревидирани. Следниот ДУП кој ќе биде презентиран, петти од 31 ревидиран, ќе биде кај Тасино Чешмиче.

„Целта е да покажеме една друга слика од претходно, кога планови се носеле без јавност, во 3 часот наутро, сѐ заради нечии интереси. Наша задача како општинска администрација е да придонесеме за непречени услови за да се направат измените“, додаде Богдановиќ.

Покрај другото, извршена е пренамена на парцелата 1.02 покрај основното училиште „11 Октомври“, од објект на локална самоуправа во објект со намена в2-здравство и социјална заштита, поточно детска градинка.

На местото на постојната месна заедница Корчагин, ќе може да се изгради детска градинка со површина на парцела 1.992 m2 и површина за градба од максимум 1.334 m2, а развиена површина од 2.668 m2.

Постојната кула, на местото на денешниот паркинг, на парцелата 1.27 ќе може да се изведе паркинг со 2 нивоа: едно полуподземно и едно полунадземно ниво, со цел да не се нарушуваат видиците на станарите. Овој паркинг со површина од 1.635 m2 (по ниво) се предвидува со цел да се решат проблемите со паркирање на постојните објекти, а притоа да не се уништува зеленилото, како што се предвидувало во претходните варијанти на плановите.

„Сите уредени зелени површини се зачувуваат. Површината под јавно зеленило е тројно зголемена, односно од постојните 4.283 на 12.811 m2 во однос на претходните планови.
Toa зеленило го опфаќа постојното зеленило меѓу постојните станбени згради, заштитното зеленило, но и неколку нови помали површини, кои не биле предвидени како јавно зеленило во претходните планови, а во стварноста се зелени. Зачувано е детското игралиште, кое заедно со најголем дел од зеленилото меѓу станбените објекти ќе беа уништени доколку се дозволеа надградби на постојните станбени згради и не се решеше проблемот со паркирање“, додаде Богдановиќ.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе