За катната гаража кај „Автомакедонија”

Богдановиќ: Да земам да се самозапалам, за да реагира некој за „Никофон”

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ по најавата на инвеститорот „Никофон“ за изградба на барокна катна гаража, денеска ја презентираше целата документација за парцелата кај „Автомакедонија” и го демантираше Основното јавно обвинителство дека материјалите од Општина Центар за малверзациите не биле целосни. 

Богдановиќ рече дека претставници од општината на повик на ОЈО во 2016 година доставиле 72 списи, кои ги надополниле неколку дена подоцна. Списи се доставувале и по преземањето на градежната парцела годинава. Но, надлежните не одговориле до каде е предметот.

„Откако ги преземавме предметите во 2019 ние сме реагирале, сме доставиле списи до МВР на 27 септември,  претходно на 13 август и до ОЈО, сме прашале до која фаза е предметот, потоа сме доставиле и дополнителен материјал. Па да земам да се самозапалам за да реагира некој, искрено да ви кажам. Од обвинителство не ни кажале што ни недостасува. Оттаму поднеле обвиненија и била поднесена кривична пријава. Ние не сме истражен орган и треба побрзо да се постапи. Не верувам дека некој ќе се потепа за изградба на катна гаража, затоа што не знам колку е тоа исплатливо и јасно било дека намерата била сосема друга”, изјави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Според него, спорна била и постапката за цената на земјиштето. Според правилникот за утврдување на цената, почетната сума на јавното наддавање требало да биде 5.600, а не 1.850 денари.

„Донесен план на 5 април, веќе на 23-ти имате објава. Како се успеало за само 7 дена да се направи извод од план кога претходно треба да се направи преклопување во Катастар, така што има одредени сомневања дека целава работа од старт била наместена, но главната причина поради која што ние денеска реагираме е како се формирала почетната цена”, рече тој.

Следната недела следува нова рунда средби со сопственикот на „Никофон“ Никола Настески. Богдановиќ бара начин за спогодба преку обесштетување или замена со друго земјиште со иста вредност.

 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе