Без струја утре повеќе делови од Кисела Вода, Центар и Карпош

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат неколку улици во општините Кисела Вода, Центар и Карпош, соопштија од ЕВН.

Од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците: Томе Стефановски и Славка Димкова во нас. Драчево, (Општина Кисела Вода).

Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. 166, (Општина Центар), а од 08:30 до 10:30 часот, корисниците од делови од улиците: Иван Цанкар, Бела Краина и Франц Месеснел во населба Влае, (Општина Карпош).

Од 09:00 до 13:00 часот, без напојување со електрична енергеија ќе бидат корисниците од ул. Петар Поп Арсов бр. 40, (Општина Центар), од 09:15 до 13:30 часот, корисниците од ул. Радика, зграда број 1 и ул. Огражден, згради број 1, 2 и 3, (Општина Карпош), а од 11:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Франц Прешерн (Општина Карпош), информират од ЕВН. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе