Технички зафати

Без струја утре делови од Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров

Заради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без струја ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК-Скопје.

Од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе останат корисниците од бул.„Борис Трајковски“ б.б. објект на ГРАНД ЕКСПОРТ и ДЕОН АС во кругот на поранешна Стаклара и другите објекти во непосредна близина во општина Кисела Вода.

Во периодот од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат ул. „Сава Динкова“ во населба Драчево во општина Кисела Вода, од 9:00 до 14:00 часот дел од улицата со број 1 во село Љубин,  од 8:30 до 15:00 часот ул.„Тодор Чангов“ во општина Аеродром, а од 9:00 до 14:00 часот дел од улицата „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе