Без струја утре делови од Карпош, Чаир, Драчево и Долно Соње, без вода населбата Усје

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре од 8 до 15 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Кемал Сејфула" и „Џон Кенеди" во општина Чаир, а од 9 до 11 часот дел од улицата „Малешевска" во населба Драчево.

Според информациите од ЕВН Македонија, од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од улицата „Козле", подулица бр.1, а од 10:30 до 13:30 часот улицата „Букурешка" од бр. 97 до бр. 115 и улица „Прашка"„ од бр. 44 до бр. 78 во општина Карпош.

Од 11 до 13 часот утре без струја ќе биде и дел од улицата „12" во Долно Соње.

Според информации од „Водовод и канализација" утре од 9:30 часот без вода ќе бидат корисниците од населбата Усје поради активности на приклучок на водоводната мрежа со пречник од ф-150 милиметри на ул. „Борис Трајковски" б.б. 

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе