Според информациите од ЕВН Македонија, од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од улицата „Козле", подулица бр.1, а од 10:30 до 13:30 часот улицата „Букурешка" од бр. 97 до бр. 115 и улица „Прашка"„ од бр. 44 до бр. 78 во општина Карпош.
Од 11 до 13 часот утре без струја ќе биде и дел од улицата „12" во Долно Соње.
Според информации од „Водовод и канализација" утре од 9:30 часот без вода ќе бидат корисниците од населбата Усје поради активности на приклучок на водоводната мрежа со пречник од ф-150 милиметри на ул. „Борис Трајковски" б.б.