Во Скопје

Без струја утре делови од Илинден, Ѓорче Петров и Шуто Оризари

Заради закажани технички зафати утре без струја ќе останат делови од општините Илинден, Ѓорче Петров и Шуто Оризари, информираат од РЦУК Скопје.

Во периодот од 9.30 до 10.30 часот без струја ќе останат корисниците од ул. 533 во местото Бела Земја, згради 1, 2, 3 и 4 и ул. 531 во Општина Илинден.

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. 4 во село Никиштане, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 8.30 до 12.30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците Ѓорѓи Пенков, Нов Живот, Диме Мечето, Вашингтонска, Селечка Планина, Гвадалахара, Шуто Оризари, Гарибалди, Волт Дизни, Гарсија Лорка и Метохиска во Општина Шуто Оризари, пренесе МИА.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе