Без струја утре дел од Сопиште

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во село Сопиште, информира Центарот за управување со кризи.

Во соопштението се посочува дека од ЕВН информирале дека утре од 8:30 до 12 часот без струја ќе останат корисниците од улица 16 во село Сопиште во истоимената Општина.

Исто така поради технички зафати, во четврток без напојување со електрична енергија од 9 до 13 часот ќе бидат дел од жителите на село Чајлане во Општина Сарај, од 9 до 14 часот корисниците од улиците 35 и 37 во село Сопиште и од улица „Христо Татарчев", подулица број 14 во Општина Кисела Вода, а од 9 до 15 часот жителите на улица „Мраморец" од броевите 1 до 30 и улица "Белчишка" од бреоевите 1 до 30 во Општина Ѓорче Петров. 

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе