Во соопштението се посочува дека од ЕВН информирале дека утре од 8:30 до 12 часот без струја ќе останат корисниците од улица 16 во село Сопиште во истоимената Општина.
Исто така поради технички зафати, во четврток без напојување со електрична енергија од 9 до 13 часот ќе бидат дел од жителите на село Чајлане во Општина Сарај, од 9 до 14 часот корисниците од улиците 35 и 37 во село Сопиште и од улица „Христо Татарчев", подулица број 14 во Општина Кисела Вода, а од 9 до 15 часот жителите на улица „Мраморец" од броевите 1 до 30 и улица "Белчишка" од бреоевите 1 до 30 во Општина Ѓорче Петров.