Без струја утре дел од општините Карпош и Сопиште

Без струја утре ќе останат корисниците на дел од општините Карпош и Сопиште, а прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улицата „Партениј Зографски".

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 9 до 12 часот ќе бидат дел од улиците „Козле", „Миле Поп Јорданов" и „Стогово" ; од 10 до 13 часот улицата „Јуриј Гагарин" бр.28-6; од 8 до 12 часот, корисниците од дел од улица „Црвена Вода" во Општина Карпош и од 8 до 11:30 часот, дел од село Добри Дол во Општина Сопиште.

Поради уличен дефект ф-80 мм на улицата „Партениј Зографски" 62 , без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе