Без струја дел од општините Аеродром и Ѓорче Петров

Од 9 до 14 часот утре без струја ќе останат корисниците од улицата „Алексо Демниевски„ подулици 1, 3 , 5 и 7 во Општина Ѓорче Петров и од 8:30 до 11:30 часот корисниците од булеварот „Јане Сандански" згради бр.19 и 21 во Општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со електрична енергија е поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во градот.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе