„Бела ноќ” утре во Скопје со концерти, изложби, кино проекции…

Традиционалната „Бела ноќ” утре ќе се организира по седумнаесетти пат, а граѓаните ќе имаат можност да уживаат во културно-забавната програма на 13 локации низ Скопје. Од ЈСП Скопје најавија дека и овојпат се организира бесплатен јавен превоз, а во функција ќе бидат и дел од ноќните линии за што е објавена точна сатница.

Според најавата на организаторите, многубројните уметници кои ќе се претстават на граѓаните со концерти, изложби, кино проекции и други културни перформанси, ќе го претворат Скопје во центар на културните случувања во државата.

Поради состојбата со пандемијата со ковид-19, „Бела ноќ”, како и минатата, така и оваа година ќе се одржува една недела порано од предвиденото.

Официјалната програма ќе започне утре во 19 часот и ќе трае сѐ до полноќ, а поради состојбата со коронавирусот, работното време на локалите ќе остане исто, односно нема да работат во текот на целата ноќ.

Сите настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени од Министерството за здравство, на сите локации ќе биде поставена редарска служба и при влез во локацијата посетителите ќе треба да покажат потврда за вакцинација.

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод „Бела ноќ 2021", а во функција ќе бидат и дел од ноќните линии (2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В).

Бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, сабота од 18 часот до 05 часот во недела.

Ноќните линии ќе сообраќаат во недела со следниов возен ред.

ЛИНИЈА 2 (Автокоманда – Сарај)
Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
Поаѓање од Сарај 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 5 (Дексион – Ново Лисиче)
Поаѓање од Дексион 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
Поаѓање од Ново Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 7 (Карпош 3 – Горно Лисиче)
Поаѓање од Карпош 3 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
Поаѓање од Горно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 22 (Транспортен центар – Лепенец)
Поаѓање од Тр.центар 00.15 ч, 02 ч, 03.15 ч
Поаѓање од Лепенец 01.25 ч, 02.40 ч, 04.10 ч

ЛИНИЈА 24 (Припор – Тафталиџе 2)
Поаѓање од Припор 01 ч
Поаѓање од Тафталиџе 2 00.15 ч

ЛИНИЈА 41 (Транспортен центар – Долно Лисиче)
Поаѓање од Тр.центар 00.20 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
Поаѓање од Долно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 03.50 ч

ЛИНИЈА 50 (Клинички центар – Хиподром)
Поаѓање од Кл.центар 00 ч, 02 ч, 03 ч
Поаѓање од Хиподром 01.30 ч, 2.30 ч

ЛИНИЈА 57 (Козле – Радишани)
Поаѓање од Козле 00.15 ч, 01.30 ч, 03 ч
Поаѓање од Радишани 00.55 ч, 02.15 ч, 03.35 ч

ЛИНИЈА 65 В (Транспортен центар – Стајковци)
*по траса на линија 5 во 00.10 ч од Рекорд до Ново Лисиче
Поаѓање од Тр.центар 00.45 ч до Стајковци
Поаѓање од Стајковци 01.20 ч до гаража во Автокоманда

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе