За прв пат

Бел лав и бела лавица ќе бидат новите жители на скопската Зоолошка

За прв пат во Скопје и Македонија ќе има бели лавови, а планирано е да бидат донесени и бели тигрови. 

Во скопската зоолошка градина пристигна женката лавица Бела од Германија, а се очекува следната недела да биде донесен и мажјакот Чака кој ќе пристигне од Франција.

Директорот на Зоолошката, Ѓорѓи Галетановски откри дека во наредниот период имаат план да донесат бели тигри и други бели видови на животни.

„За прв пат во Скопје и Македонија ќе има бели лавови. Планираме да донесеме бели тигри и други бели видови. Град Скопје вложува и Европа се залага за што побрзо, нашата Зоолошка да биде европска. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на скопската Зоолошка“, вели Галетановски.

Скопската зоолошка градинава обезбеди живеалишта според светски стандарди за овие лавови кои се редок вид.

Во моментов, во светот има околу 300 бели лавови, а најраспространети се во југозападниот дел на Јужна Африка во природниот резерват Санбона. Еден ваков лав може да чини и до 138.000 долари.

Иако многумина ќе помислат, сепак научно е докажано дека белите лавови не се албиноси.

Според една стара легенда, белиот лав бил заштитник на африканските племиња. Тој ги заштитувал од болести. Според преданието додека има бели лавови на земјата, нема место за грижа кај луѓето.
Во Африка, а особено во Тимбавати, белите лавови се сметаат за свети животни.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе