75 години од крајот на Втората светска војна

Баздникин: Сите обиди за препородување на нацистичката идеологија се исклучително неморални

Денеска на на улицата 9 Мај во Скопје, на спомен-обележјето посветено на 75-годишнината од Големата победа, се одржа свечена церемонија по повод 75 години од завршувањето на Втората светска војна. На настанот учествуваа претставници на дипломатски мисии акредитирани во Скопје, градоначалниците на општините Центар и Кисела Вода Саша Богдановиќ и Филип Темелковски, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, Велимир Стојковски, вработени во ЛУКОИЛ Македонија, руски сонародници... На гостите им се обратија градоначалникот Саша Богдановиќ и амбасадорот Сергеј Баздникин.

„И денеска им оддаваме почит на оние кои ги дадоа своите животи за победата над фашизмот и направија сѐ за да се приближи крајот на Втората светска војна. Пред точно 75 години, на 3 септември 1945 година, заврши најголемиот и најкрвавиот конфликт во историјата на човештвото. Повеќе од 60 држави со население од 1,7 милијарди луѓе беа инволвирани во Втората светска војна. Воените операции беа спроведувани на територијата на 40 земји на вкупна површина 5,5 пати поголема отколку во Првата светска војна.

Многу го цениме подвигот на народите кои се бореа против „кафеавата чума“ и им оддаваме почит на народите на Велика Британија, Југославија Кина, Соединетите Американски Држави, Франција и други држави за нивниот придонес за победата, за самопрегорното херојство на војниците и офицерите на антихитлеровата коалиција и антифашистите во различни земји, вклучително и во самата Германија. Несомнено е дека важна улога во приближувањето на крајот на Втората светска војна одигра и Движењето на отпорот во окупираните територии на европските држави.

Во овој контекст, би сакал особено да ги одбележам хероите на Народно ослободителното движење на Македонија, кои се бореа храбро и одважно. Како што знаеме, во антифашистичката борба учествуваа над 100 илјади луѓе, а 66 од нив го добија  највисокото одликување – Народен херој. Во редовите на македонските партизани се бореа и стотици наши сонародници, на кои денес им оддаваме особена почит. Денес, 75 години подоцна, историјата уште еднаш нѐ повикува сите на разум и будност. Генерации на очевидци на тие настани заминуваат од овој свет. Нешто се заборава, а нешто намерно се обидуваат да го избришат од сеќавањето во служба на моментални интереси или дневна политика. Во некои наративи воопшто и не е јасно кој за што се борел, кој кого и од што ослободил. Сепак, сите обиди за искривување на реалноста, за толкување на настаните преку обелување на нацистите и колаборационистите, за препородување на нацистичката идеологија и практика се исклучително неморални. Ефикасната борба против фалсификувањето на историјата е возможна само со аргументирана вистина. Токму овој пристап го издржа тестот на времето и навистина разоткрива апсурдни измислици и префинети лаги... Духот на сојузништвото, единството на сите антифашистички сили, кој се зацврсти за време на Втората светска војна, и денес може да послужи за пример на партнерство во име на праведните цели, во име на мирот и спокојот на планетата“, рече амбасадорот Баздникин и ги повтори зборовите на рускиот претседател Владимир Путин  - „нашиот долг е да ги знаеме и да се сеќаваме на луѓето, кои го одбранија мирот и слободата на нашата планета, да се сеќаваме на настаните од страшните воени години. Ова е наша должност кон паднатите, наш долг кон сегашните и идните генерации. Мораме да се сеќаваме, за ужасот на нацизмот, трагедијата на војната никогаш повеќе да не се повторат“.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе