Баздникин и Богдановиќ засадија дрвца во „Паркот на сеќавањето“

За брзо време ќе почне целосна реконструкција и обнова на паркот што се наоѓа во непосредна близина на спомен обележјето позади Универзалната сала, кое пред извесно време Општина Центар и Руската амбасада го поставија во чест на 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна.

Ова денеска го најави градоначалникот на Општина Центар, кој заедно со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин засадија неколку дрвја во знак на пријателство меѓу двете земји.

„Денеска се наоѓаме на местото позади Универзална сала, во продолжение на улицата „9 мај“ каде пред извесно време заедно со амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, го поставивме спомен обележјето во знак на сеќавање на жртвите и борците кои се бореа за ослободување и на нашата земја и на сите останати земји од фашистичкиот окупатор. Во продолжение на тој настан почнуваме една нова активност, а тоа е целосна реконструкција и обнова на паркот кој се наоѓа во непосредна близина на спомен обележјето“, рече Богдановиќ.

Тој најави дека во брзо време ќе почне реконструкцијата и обновата на паркот, а нивен предлог е да се вика „Парк на сеќавањето“ со цел, како што вели, и младите генерации да се сеќаваат на жртвите и борбата која ја имаа нашите предци заедно со сите учесници во Народно ослободителната војна.

„На тој начин ќе оддадеме почит, но и ќе оставиме еден спомен на кој луѓето ќе се сеќаваат и ќе знаат се тоа што се дало како жртва за ние денес да живееме слободно“, рече Богдановиќ.

Амбасадорот Баздникин посочи дека „Паркот на сеќавањето“ е во чест на сите кои ги дале своите животи во текот на Втората светска војна.

„Важно е сите да ги помниме тие времиња и да бидеме доследни на жртвите кои тие херои и на македонското тло и во Русија ,Советски сојуз, ги дале за сите нас за сега да можеме да уживаме во слободата и во мирниот живот“, рече Баздникин. 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе