Реакција

Азманов се извини и кажа дека Конески и Латас го рекетирале

Зоран Азманов, сопственикот на градежната компанија „Настел" се извини за неговите изјави дадени на конференција за медиумите на 21 јануари во врска со неговите обвинувања за поранешниот градоначалник на општина Аеродром и за новинарот и уредник Драган Павловиќ-Латас. Азманов ова го изјави по барањето на Конески за извинување и повлекување на изјавите за сторена навреда и клевета, но бизнисменот само ги повтори обвинувањата.

„Се извинувам што без никакво овластување на прес-конференцијата на 21 јануари како резултат на новинарско прашање и провокација изнесов непроверена информација врз основа на моето искуство и слушнати муабети од мои колеги и на база на мои претпоставки реков дека сите што градеа во општина Аеродром, сите плаќаа тогаш на клубот МЗТ Скопје“, му пишува Азманов на поранешниот градоначалник на скопската општина Аеродром.

„За да Ви го освежам памтењето, првиот пат кога побаравте донација за клубот, рековте плати колку што сакаш и тогаш по моја проценка уплатив 10.000 евра кои беа уплатени на клубот. Наредниот пат кога ме викнавте во Вашата канцеларија за истата работа однапред ме предупредивте и ми рековте 'на тебе рачунам со 100.000 евра за МЗТ'. Тогаш јас бев ставен во непријатна ситуација од Ваша страна, па Ви реков Настел да уплати 50.000 евра, но се најдовме на 60.000 евра после што следеше испраќање на директорот на МЗТ да склучи договор за рекламирање со директорот на Настел. Следната година ме повикавте, и повторно побаравте Настел да плати 60.000 евра, па кога Ви кажав дека Настел повеќе нема локации и нема да гради во oпштина Аеродром, Вие се налутивте и потоа до крајот на Вашиот мандат повеќе не успеав да остварам средба со Вас“, пишува Азманов.

Тој испрати извинување и до Драган Павловиќ - Латас, кој исто така беше спомнат на прес-конференцијата на 21 јануари.

„Можеби неправилно го употребив зборот 'рекетираше' кога на прес-конференцијата спонтано ми излезе реченицата: 'претходно со години ме рекетираше Латас и ми бараше стан со 40% попуст и не му дадов', а како споредба на тоа што ми се случуваше во периодот 2009/2010 година и она што денеска ми се случува преку 1ТВ од страна на Бојан Јовановски (Боки 13). Имено, требаше попрецизно да се изразам кога веќе ја правев таа споредба и требаше да кажам дека во тој период 2009 година 'Латас ми бараше стан во центарот на Скопје, близу фонтаната во Градскиот Парк кој вредеше 86.000 евра, а сакаше да го плати само 50.000 евра, бидејќи наводно толку пари имал'. Откако не прифатив ми се случи серија на клевети и навреди преку двата медиуми кои ги контролираше Латас“.

Оставам на Вашиот разум и доблест да одлучите како ќе постапите, завршува Азманов.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе