„И натаму нашите автобуси возат со редуциран возен ред, поради намалениот број на патници. Ве потсетуваме дека продолжува да не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, а времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур", а не работи ниту жичницата“, велат од ЈСП.
Од претпријатијето дополнуваат дека распоредот до последниот посочен термин, е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.