АВМУ: Прекршочни постапки против телевизите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“

Прекршочни постапки против телевиизите „Алфа", „Компани 21-М" и „Стар" поведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз (АВМУ) врз основа на извештаите од извршениот мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, во согласност со Изборниот законик.

Прекршочна постапка против ТВ „Алфа“ е поради необезбедување избалансирано покривање на Локалните избори 2017, во вкупната програма, во првите десет дена од изборната кампања.

ТВ „Компани 21-М“ и ТВ „Стар“, пак, емитувале платено политичко рекламирање во посебни информативни програми: во дебатната емисија „Клик плус“, емитувана на 4 октомври годинава на ТВ Компани 21 и во две изданија на „24 Отворено“, емитувани на 4 и 5 октомври годинава.

 

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе