АВМУ ја одзеде дозволата на ТВ Канал 5+

Сателитската телевизија Канал 5+ не платила 2,4 милиони денари претплата за дозвола за телевизиско емитување, па затоа е донесено решението за одземање на дозволата за емитување, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот на АВМУ почнал постапка за одземање на дозволата. Канал 5+ има право на жалба во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Дозволата за Канал5+ беше издадена на 5 јануари 2015 година, за емитување преку сателит, на државно ниво, за телевизиски програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик. Лани АВМУ ја одзеде дозволата за емитување и на телевизијата „Сител 3“.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе