АВМУ: 1ТВ остана без лиценца

Агенција за медиумите на седница попладнево одлучи да се одземе лиценцата за емитување на 1ТВ чиј неформален сопственик е првоосомничениот во предметот „Рекет" Бојан Јовановски.

Агенцијата отвори постапка поради неисполнување на минимум кадровски услови, медиумот имаше 15 дена да ги исправи пропустите, а бидејќи тоа не е сторено донесена e одлука за одземање на лиценцата.

Агенцијата поведе постапка и за скриено сопствеништво на медиумите откако самиот Јовановски во последното интервју во телевизијата призна дека тој е всушност сопственик, иако како сопственици официјално беа наведени неговиот татко и Јасна Мандиќ, двајцата сега осомничени во проширената истрага за „Рекет“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе