Aсоцијацијата на архитекти бара да се почитува ГУП и јавниот интерес

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Академијата на архитекти како дел од асоцијацијата се за доследно почитување на целите, проекциите и планските решенија од Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022 година и плановите од пониско ниво мора да бидат усогласени со овој стратешки план. Тоа се однесува и на планот во чиј состав е и локацијата наспроти хотелот „Холидеј ин“, но и за сите останати за кои постои интерес во јавноста како што се фабриката Треска, Дебар Маало, Мал Ринг, Езеро Треска, Расадник...

„Организацијата на просторот во кој живееме се спроведува преку генералните и деталните урбанистички планови. Просторот е необновлив ресурс и треба со него да се ракува внимателно и со почит.

Деталните урбанистички планови, кои претставуваат акти од јавен интерес, треба да содржат креативни решенија, кои на жителите, корисниците и посетителите на просторот ќе им овозможат негово безбедно, квалитетно и комфорно користење и доколку не е така истите мораат да бидат коригирани.

Во изминатиот период го поддржавме „мораториумот“ за градење на 33 детални урбанистички планови во општина Центар, како единствен начин да се спречи спроведувањето на важечките планови кај кои се констатирани сериозни прекршувања и недоследности во однос на Генералниот урбанистички план и општите правила и параметри на урбанистичко планирање, додека не се донесат нови, а со цел да се загарантира и почитува едно од највисоките уставни права, а тоа е јавниот интерес. Но, напоменуваме дека „мораториумот“ има смисла ако е временски и и содржински строго и наменски ограничен.

Им стоиме на располагање на надлежните институции за инклузивност во делување за  оптимизирање на процесите и процедурите во насока на навремено и правилно донесување одлуки кои ќе им овозможат на архитектите легитимни услови за работа.

Ние како архитекти не сме против градење, ниту против личните и бизнис интереси на поединци, доколку тие не го загрозуваат квалитетот на животниот простор и јавното добро.

Ја повикуваме локалната самоуправа да го почитува квалитетниот градски простор, неговата урбана и архитектонска историја преку создавање на услови за сеопфатна инклузивност при негово креирање со  разни методи на транспарентен натпревар на идеи за значајни локации, содржини и програми“, се вели во реакцијата на ААМ.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе