четврток, 25 април 2024
Капитенот на Ливерпул жестоко распали по соиграчите

Ван Дајк: Треба да се погледнеме во огледало и да се запрашаме дали навистина сакаме да ја освоиме титулата

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк жестоко удри по своите соиграчи по поразот од Евертон, смета дека не сите го даваат максимумот.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвените“ направија голем чекор назад во трката за титулата откако загубија во градското дерби против Евертон со 2-0, и сега заостануваат три бода зад Арсенал на четири кола до крајот, a денеска можат да бидат прескокнат и од Манчестер Сити.

Па капитенот Вирџил ван Дајк реши жестоко да удри по своите соиграчи.

„Разочаран сум многу. Мислам дека секој мора да се погледне во огледало, да ги согледа своите перформанси и да се праша дали навистина дава се од себе? Треба да се запрашаме дали навистина сакаме да ја освоиме титулата?“ – вели дефанзивецот.

„Очигледно е дека се бориме и има уште четири натпревари до крајот. Но доколку играме како што игравме денеска, без да добиеме дуел и да му дадеме безброј шанси на судијаа да свирне прекршок, тогаш немаме никакви шанси за титулата“.

„Нема лесен натпрвар, но вечерва моравме да прикажеме многу повеќе против екипа која се бори за опстанок“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ