Арсовска за Универзална сала: Град Скопје нема да дозволи активности кои се на штета на граѓаните

Градоначалничката Арсовска во текот на изминатата недела ја посети Универзалната сала, којa е во фаза на реконструкција, но поради спорниот проект кој не гарантира безбедност, се одвива со намален интензитет. Од Град Скопје соопштуваат дека во однос на реконструкцијата на Универзална сала се произнесе министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која беше поканета на средба од страна на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, но на поканата Кабинетот на министерката одговори со покана за средба пред Универзалната сала.

Градоначалничката Арсовска вели дека крајно е несериозна реакција од страна на министерката и далеку под нивото кое што треба да го има претставник на Владата, да бега и на покана да одговара со покана, но сепак додава деја аргументите се на страна на градот и пред Универзалната сала со факти образложи зошто проектот за Универзалната сала кој е отпочнат од страна на поранешното градско раководство на чело со Шилегов е небезбеден и претставува опасност за граѓаните во оваа форма поради утврдените недостатоци.

„Универзалната сала е објект кој е обележје на градот за скопјани, но не смее да се дозволи нејзината реконструкција да продолжи по проект кој не ги задоволува стандардите за безбедност. Град Скопје нема да дозволи активности кои се на штета на граѓаните и директно ги засегаат, а ако некој од поранешната локална власт има храброст да оди до крај со овој проект и гарантира безбедност, иако проектот е небезбеден, нека дојде и јавно нека го стави својот потпис на документ", истакна Арсовска на денешната средба пред Универзалната сала.

Градоначалничката Арсовска додаде дека во текот на вчерашниот ден се одржа и петтата седница на Советот на Град Скопје, каде што беше отворена темата за реконструкција на Универзалната сала, при советничката од редовите на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева јасно и недвосмислено потврди со свои зборови дека знаеле дека проектот е со недостатоци и дека поранешното раководство тоа го констатирало по што очигледно свесно дозволило реализација на проектот, иако знаеле дека безбедноста не е гарантирана. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе