Арсовска за метежот во Скопје: Да се исклучат семафори без најава со часови е крајно несериозно

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска се огласи за денешниот сообраќаен хаос и гужва во главниот град. Како што стои во нејзината објава на Фејсбук, Арсовска смета дека исклучувањето на семафорите без најава со часови е крајно несериозно.

Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови.

Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос, пишува Арсовска.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе