Арсовска: Шилегов платил 75.000 евра за веб страница која никогаш не профункционира, најден е споменикот на Ќосето

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување на Инфомакс во емисијата Наше Скопје открива дека претходното раководство на градот на чело со Петре Шилегов платило 75.000 евра за услуга која никогаш не е испорачана.

„Најстрашно е што претходното раководство платило 75.000 евра за веб страница и за услуга која никогаш не е испорачана, односно страницата не е функционална. Значи злоупотребата е двојна, секој лаик може преку едно истражување на пазарот да оцени и да види која е цената на чинење на една таква веб страница. Уште посимптоматично е тоа што требало да биде испорачано за 75.000 евра не е испорачно. Тоа се средства на граѓаните, кои треба да се трошат домаќински“, вели Арсовска.

Таа вчера изјави дека долго време го барале споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд.

„Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Два месеци се обидувавме да го најдеме. Кружеа гласини дека е стопен. Да не се грижат гражаните, пронајден е споменикот. Во добра состојба е, а за негово поставување ќе ги прашаме граѓаните", додаде Арсовска.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе