Арсовска се пофали дека им ги качила платите на вработените за 2.800 денари

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска преку соопштение за јавноста се пофали дека им ги качила линеарно платите на сите вработени во градската администрација за 2.800 денари. Целта е амортизирање на негативните ефекти од двоцифрената инфлација и економската криза со која се соочени вработените, но и вреднување на трудот и почитување на работничките права, вели градоначалничката.

Арсовска како работодавач потпшишала измени на Колективниот договор со репрезентативната Синдикална организација на Градот, според кое зголемувањето на платата важи за сите, освен за оние за кои веќе имало зголемување на минимална плата.

„Градот Скопје е прва институција која врши линеарно зголемување за усогласување на платите согласно барањата на репрезентативниот синдикат, а во интерес на унапредување на работничките права. Со ова усогласување се излегува во пресрет на потребите на вработени на Град Скопје, со цел амортизирање на негативните ефекти од двоцифрената инфлација и економската криза со која се соочени, истакна Арсовска.

Со усогласувањето се предвидува линеарно зголемување на платата за 2.800 денари на сите административни службеници, на вработените во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и вработените ангажирани согласно ЗРО освен за оние вработени во Град Скопје чие зголемување на плати веќе беше направено со зголемување на минималната плата.

„Во насока на унапредување на правата и вреднување на трудот, се презема сѐ што е во рамки на нашите можности, имајќи предвид дека сакаме да мотивираме работен процес преку кој се испорачуваат ефикасни, ефективни и квалитетни услуги за граѓаните", истакна Арсовска, како што пренесува нејзината прес-служба.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе