Нови рокади на градоначалничката на Скопје

Арсовска по само десет дена го разреши Пасху, на чело на Градски паркинг Христовски од МВР

Филип Пасху, кој пред десетина дена беше назначен за директор на Јавното претпријатие „Градски паркинг“, е разрешен од функцијата, а на негово место градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го постави Бојан Христовски кој доаѓа од Министерството за внатрешни работи. За Пасху од Градот велат дека оди на друга функција во градската управа, но не е наведено која ќе биде неговата позиција. 

Бојан Христовски

Во соопштението од Град Скопје се вели:

„Бојан Христовски е именуван за в.д. директор на ЈП 'Градски паркинг'. Тој е магистер на науки на Факултетот за безбедност при Универзитетот 'Св. Климент Охридски', а во својата струка има поминато повеќе меѓународни обуки. Христовски од 2006 година има работно искуство во Министерството за внатрешни работи, каде бил на повеќе на раководни позиции.

Досегашниот директор на ЈП 'Градски паркинг' Филип Пасху има нова работна позиција во Градот Скопје, поради која повеќе нема да ја извршува функцијата директор на ова јавно претпријатие“.

Легенда под Главна слика

Бојан Христовски

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе