Независната кандидатка ја презема функцијата

Арсовска од денес официјално е првата жена градоначалник на Скопје од осамостојувањето на државава

Данела Арсовска од денеска и официјално е новиот градоначалник на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија. Во новата канцеларија на Град Скопје беше пречекана со букет цвеќе од досегашниот градоначалник, Петре Шилегов. 

На локалните избори 2021, Арсовска како независен кандидат победи со 28.130 гласа предност пред досегашниот градоначалник  Шилегов.

Уште од првиот ден отпочнуваме со јасно, транспарентно, вредно, чесно и посветено да работиме на сите оние проекти, кои беа во визијата и во програмата за модерно и европско Скопје, изјави новата градоначалничка на Скопје, Арсовска.

Во обраќањето по официјалното примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје, Арсовска вели дека уште од првиот ден на мандатот започнува со реализација на сите проекти предвидени за реализација во првите 82 дена.

Формалното примопредавање на градоначалничката функција од досегашниот прв човек на главниот град Петре Шилегов на неговата наследничка Данела Арсовска се одржа денеска во просториите на Град Скопје.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе