Град Скопје

Арсовска: Договорите на Шилегов за угостителски услуги ќе ги користат лицата во социјален ризик

Средствата од договорот склучен со три угостителски субјекти од страна на претходното градско раководство, во вредност од околу 32 илјади евра, ќе бидат пренаменети за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории преку „Ретвитни оброк" и Црвениот крст на Скопје, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и ги повика другите градочалници средствата за репрезентација да ги пренаменат во хумани цели.

„Ова ќе биде практика на градот секоја година. Наместо угостителски услуги како непродуктивен трошок, ќе се користат овие средства за социјално загрозени граѓани. Оваа инцијатива за пренамена на средствата за оброци за социјално загрозени лица е еден од чекорите на Град Скопје за поактивна вклученост на градот во подобрување на квалитетот на животот на социјално ранливите категории, особено кога наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми во време на економска и енергетска криза", рече Арсовска.

Таа ги повика и другите градоначалници да се приклучат на оваа иницијатива и сите средства за репрезентации или предвидени непродуктивни трошоци да се пренаменат за општествено одговорни активности со кои ќе се помогне во зајакнување на поддршката и грижа таму каде е најпотребно, со што дополнително ќе се помогне иницијативата на „Ретвитни оброк" да се прошири на национално ниво.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе