Арсовска да каже каде се 220 илјади евра кои беа наменети за културата, прашува СДСМ

„Данела Арсовска и Град Скопје не објавуваат каде завршија од Град Скопје за Програмата за финансирање проекти од културата, вредна околу 220.000 евра. За првпат оваа година резултатите не се објавени иако во членот 7 во Јавниот повик е наведено дека Град Скопје и Арсовска имаат обврска јавно да ги објават", реагира СДСМ преку соопштение.

Партијата наведува дека десетици здруженија, правни и физички лица кои аплицирале, деновиве реагираа дека само формално преку електронска пошта биле известени дека не добиле средства.

„Сето ова, отвора сомнеж и прашања дали Арсовска овие пари ги поделила на здруженија, правни и физички лица блиски до нејзината ВМРО-ДПМНЕ и што се обидува толку да сокрие Арсовска штом уште нема јавно објавени резултати“; прашува СДСМ и ја повика градоначалничката веднаш да ги објави резултатите од јавниот повик, а граѓаните да дознаат на што ги потрошила тие 220.000 евра од градскиот буџет.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе