Градоначалничката на Скопје нагласи дека „Макекспрес" и „Слобода превоз" од крајот на 2017 година до овој момент немаат пријавено во продажба ниту еден продаден билет кај приватните превозници кои се членови на овие две здруженија, иако пријавувале дека возеле околу 400 илјади километри на месец и за ова пресметувале по едно евро за извозен километар којшто го фактурирале во ЈСП. Во меѓувреме, истакна, од 2017 до 2022 година не пријавиле ниту една продадена карта во автобус на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, истакна Арсовска.
Според неа, на ваков начин, покрај што се злоупотребени градски средства, затаен е и данок.
Арсовска рече дека возачите во најголем број се чесни луѓе, но дека некој манипулирал и во нивно име. И за политички и за лични цели, оцени таа.
„Град Скопје изготви нов јавен повик каде што на секој од сегашните поединечни превозници ќе му биде понудено директно и индивидуално да аплицира, да си добие линија со исполнување на условите коишто ќе бидат во јавниот повик и да си работи чесно за да може да обезбеди соодветен јавен превоз“, рече Арсовска.