Градоначалничката остро ги обвини „Слобода превоз“ и „Макекспрес“

Арсовска: Приватните превозници наплатувале билети, не ги пријавувале парите и затаиле данок

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска рече дека приватните превозници од 2017 година наплатувале билети и парите не ги пријавувале, а фактурирале по околу 400 илјади евра од ЈСП секој месец.  Според неа, ваквата шема најверојатно траела пет години. Арсовска нагласи дека Градот има изготвено нов јавен повик каде што приватните превозници ќе имаат можност поединечно да аплицираат за градска автобуска линија. Тоа не преставува само злоупотреба на пари, туку и затајување на данок кон државата, нагласи градоначалничката.

Градоначалничката на Скопје нагласи дека „Макекспрес" и „Слобода превоз" од крајот на 2017 година до овој момент немаат пријавено во продажба ниту еден продаден билет кај приватните превозници кои се членови на овие две здруженија, иако пријавувале дека возеле околу 400 илјади километри на месец и за ова пресметувале по едно евро за извозен километар којшто го фактурирале во ЈСП. Во меѓувреме, истакна, од 2017 до 2022 година не пријавиле ниту една продадена карта во автобус на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, истакна Арсовска.

Според неа, на ваков начин, покрај што се злоупотребени градски средства, затаен е и данок.

Арсовска рече дека возачите во најголем број се чесни луѓе, но дека некој манипулирал и во нивно име. И за политички и за лични цели, оцени таа.

„Град Скопје изготви нов јавен повик каде што на секој од сегашните поединечни превозници ќе му биде понудено директно и индивидуално да аплицира, да си добие линија со исполнување на условите коишто ќе бидат во јавниот повик и да си работи чесно за да може да обезбеди соодветен јавен превоз“, рече Арсовска.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе