Тешка хаварија во дворот на поранешната фабрика

АРМ влезе во ОХИС, излеани се 6 тони вода со која се миела опасната хемикалија

Се излеале 6 тони вода при миење цистерна во која требало да биде транспортирана опасната хемикалија метил акрилат мономер. Овој опасен отров требало да биде изнесен надвор од државата како отпад. При миењето пукнала цевка во дворот на поранешната фабрика ОХИС и на тој начин се излеале 6 тони вода со елементи на опасната хемикалија. Ова се првите официјални информации за попладневната сериозна хаварија од инспекцискиските служби за заштита на животната средина.

Фирмата „Екоцентар 97“ го добила тендерот за транспорт на опасниот отпад во Швајцарија на преработка.

Течноста се излеала во бетонската када на отворен простор. Во околината на ОХИС веќе се чувствува непријатна миризба. Допрва ќе се утврдува колкава е загаденоста на водата со метил акрилат мономер.

Во кругот на ОХИС присутна е и полицијата каде и инцидентот бил првично пријавен од граѓани кои ја почувствуале непријатната миризба и печење во грлото и очите. Повикана е и Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРМ.

На терен се и инспектори на општина Кисела Вода, град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Министерството за внатрешни работи. 

Инспекциските служби информираат дека дошло до излевање на вода со која била чистена празна цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер кој е целосно и безбедно препакуван.

„Истекувањето се случило на локација каде правен субјект од Скопје препакува и отстранува историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство. Истечена е вода од цистерна во која бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната, фирмата имала обврска истата да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот и затоа се почувствувала непријатна миризба во околината. Лабораторијата на МВР зема проба која ќе биде лабораториски испитана, по што ќе следува понатамошно водење на инспекциската постапка. Од страна на Државен инспектор за животна средина ќе биде изготвен записник за констатирана состојба на лице место, а правниот субјект е веднаш задолжен да работи на терен цела ноќ за да целата излеана течност од кадата биде преточена во соодветно пакување, а во текот на викендот биде извршен контролен инспекциски надзор од страна на ДИЖС“, се вели во информацијата за Државниот инспекторат за животна средина.

Отпадниот материјал е планирано целосно да биде извезен надвор од Македонија.

Опасниот отпад е безбедно преточен во специјални ADR буриња. 

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе