Прес-конференција на Град Скопје

Апостолоски: Поднесена е кривична пријава против Русе Арсов, доскорешниот директор на МКЦ

Град Скопје, поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против поранешниот в.д. директор на јавната установа „МКЦ", Русе Арсов, рече во изјава за медиумите Данијел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје. Тој нагласи дека станува збор случајот со организирање на пречекот на Новата 2020 година и дека кривичната пријава е резултат на иницијатива од Државната комисија за спречување на корупција.

Антикорупионерите, рече Апостолоски, препорачаа поведување постапка за утврдување одговорност поради неприменување на одредбите од Законот за јавни набавки при објавување на јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за „Дочек на Новата 2020 година".

„Русе Арсов, во својство на в.д. директор на ЈУ 'МКЦ' – Скопје, на 14 декември 2019 година објавил јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за 'Дочек на Новата 2020 година' додека критериумите за избор на најповолна понуда со определни бодови од јавната установа биле донесени на 18 декември.2019 година, односно по објавување на јавниот повик, и истите не се составен дел на јавниот повик. Поради необјавувањето на овие критериуми, потенцијалните учесници на јавниот повик не биле информирани на кој начин ќе се врши доделувањето на бодовите и изборот на најповолна понуда. На објавениот јавен повик се пријавил еден единствен правен субјект и тоа Здружение - Дирекција за култура и уметност од Скопје, при што на 19 декември.2019 година Комисијата за избор на коорганизатор кој ќе ја организира избраната предлог-програма на активностите за 'Дочек на Новата 2020 година' согласно со Записник од одржан состанок на комисијата, утврдено е дека апликантот Здружение - Дирекција за култура и уметност од Скопје ги исполнува условите предвидени во конкурсот, при што во записникот не е извршено поединечно бодување, односно не е нотирано за кој критериум колку бодови се доделуваат, туку бодовите се доделени збирно за критериумите од двата дела и од можните 60 бодови определени за критериумот – квалитет на проектот, на учесникот му се доделени 50 бодови при што не може да се утврди по колку бодови за секоја ставка од овој критериум се доделени", изјави советникот за односи со јавност Апостолоски.

Тој додаде дека во понатамошната постапка Арсов, како в.д. директор на „МКЦ" на 20 декември 2019 година склучил договор со Здружението - Дирекција за култура и уметност Скопје, со што постапил спротивно на Законот за јавни набавки и овозможил настанот да се организира надвор од пропишаната законска регулатива.

„Посочуваме дека токму во врска со оваа постапка од Државната комисија за спречување на корупцијата побарано е од Град Скопје да се изврши ревизија во однос на спроведувањето на одредбите од договорот склучен помеѓу Град Скопје и 'МКЦ', со оглед дека ДКСК постапувала по пријава и оформила предмет за испитување на сите наводи. По испитувањето на сите наводи и прибавени информации од ДКСК од многубројни институции, како што се Бирото за јавни набавки, Управа за јавни приходи и други, констатира дека поранешниот в.д. директорот на ЈУ 'МКЦ', Русе Арсов, не ги применил одредбите од Законот за јавни набавки при објавување на Јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за 'Дочек на Новата 2020 година', и ја злоупотребил својата службена положба, заради што и поднесовме кривична пријава за утврдување на негова кривична одговорност", рече Апостолоски.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе