Анкета на Рејтинг: Скопјани задоволни од состојбата во градот, најмногу се жалат на урбанизацијата

Речиси половина од граѓаните на Скопје се задоволни од тоа како се движат работите во главниот град, задоволни се од работата на градоначалникот Петре Шилегов, а како најголеми проблеми ги наведуваат урбанистичкото уредување, комуналната хигиена, па и уличните кучиња, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Агенцијата Рејтинг за потребите на Град Скопје. 

На прашањето „Дали работите во Град Скопје се движат во правилна или во погрешна насока?“ најголем процент од анкетираните односно 43,5% од испитаниците рекле дека работите се движат во правилна насока, 38,2% во погрешна, 13,5% ниту во правилна ниту во погрешна насока, додека 4,8% не дале одговор. 

Во локалната власт на Град Скопје имаат доверба 45,7% од анкетираните или речиси половината кои биле анектирани, а на прашањето „Дали во локалната власт во Град Скопје имате доверба?” 33,9% рекле дека воопшто немаат доверба, а 17,2% ниту имаат ниту немаат доверба 17,2%.

Од работата на градоначалникот Шилегов задоволни се 46,3% од анкетираните, 19,5% проценти рекле дека ниту се ниту не се задоволни, додека 29,7% рекле дека се главно или целосно незадоволни.

Како најголем проблем во градот скопјани го посочуваат урбанистичкото планирање и уредување на градот (19,2%), потоа е одржување на комуналната хигиена со 11,3%, инфраструктурата со 11,5% и проблемот со уличните кучиња кој како главен проблем го посочиле 8% до анкетираните. 

Како најголем успех пак на градот во изминатите четири години анкетираните го сметаат вложувањето во инфраструктурата, реконструкцијата на улиците и булеварите како и градбата на новите мостови. Ова е најголем успех за 29,7% од граѓаните, а потоа следува подобрувањето на парковите и ново зеленило со 10,5%, набавката на нови Еко автобуси за кое 9,3% рекле дека е најуспешен проект на градот. Високо рангирани на листата се и изградбата на нови вело-патеки, уредувањето на кејот на Вардар, реконструкцијата на Универзална сала и вложувањата во Зоолошката градина и Дино паркот. 

Високи 52,5% од анкетираните сметаат дека состојбата во Скопје во последните четири години е подобрена, 27,4 отсто воопшто не се согласуваат или главно не се согласуваат, а 16,1 отсто ниту се согласуваат ниту не се согласуваат. 

Истражувањето е спроведено по пат на телефонско интервју на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници во периодот од 10 до 15 септември.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе