Анима Мунди: Во Вардариште има заразна болест за кучиња, итно да прогласат карантин

„Во Вардариште се случува помор на млади заловени кучиња затоа што има епидемија на заразна болест штенечак - болест од која во сраотни маки, болка, гушење умираат над 90 отсто од заловените млади животни. Животните се разболуваат во стационарот. Болеста не се пренесува на луѓе ниту друг вид животни, но е фатална за млади кучиња. Бараме итно да се прогласи карантин и да се забрани внес на животни", побараа денеска преку соопштенеи од здружението Анима Мунди.

Од здужението за заштита на животни реагираат дека во Вардариште се сместуваат и мали животни иако тие не можат да се подложат на стерилизација. Тие ги повикаа новинарите да одат и снимаат во Вардариште за како што соопштија да видат дека кучињата умираат во страотни маки.

 „Го повикуваме Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, во својство на претседател на Националниот центар за контрола на болести веднаш да интервенира и да го спречи понатамошното работење на овој стационар“, велат од Анима Мунди.

Од здружението информинраа дека известиле повеќе европски институции и наскоро очекуваат реакции и поддршка за затворање на Вардариште. Потенцираа дека се додека надлежни институции не покажат вистинска намера за да работат хумано и создадат услови за хуман третман на кучињата, стационарот не треба да работи. 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе