РЕАКЦИЈА

„Анима мунди“: Продолжува бруталноста и нехуманоста на стационарот „Вардариште“ (ФОТО + ВИДЕО)

Скандалозна е бруталноста, нехуманоста на стационарот „Вардариште“, дрскоста што и понатаму продолжуваат - без трошка чувство за одговорност, совест или срам - да мачат и  убиваат бездомни кучиња, стои во реакцијата на Здружението „Анима мунди“ кои до медиумите испратија фотографии и видео.

 

Според Здружението, главни надлежни се Градот Скопје, градоначалникот Трајановски, ЈП „Комунална хигиена“, ветеринарната амбуланта Автокоманда , Агенција за храна и ветерина (АХВ) како тело кое илјада пати добило пријави, имало прилика да интервенира, го казни и запре ова, како што велат, лудило. 

„Сите се прават ненадлежни, глуви и слепи! Во продолжение ви доставуваме фотографии за да се види што се прави во Вардариште, во каква состојба се доведуваат кучињата, како умираат. Малите кучиња извадени од стационар, кои може да ги видите на сликите беа доведени во таква состојба што им немало спас, веќе се мртви. Ви доставуваме и видео да видите сите  како во 21 век се заловува мирна кучка (мајка доилка), дивјачки влече со давилник,  пред нејзините кутриња кои преплашено цвилат и лаат  - на крај се вратиле и ги земале и нив, сега умираат во Вардариште. Посочуваме - начинот на ловење е дури и нежен зошто лицата знаат дека се снимани.  Потсетуваме, ваквите кучиња не можат да се стерилизираат, туку се носат во ’Вардариште’ само со една цел, за да умрат!“, стои во реакцијата на „Анима мунди“.

Иако имаа протест, велат од таму, реакции добиле само од АХВ за кои уште тврдат дека ги залажуваат со некаква најава за состанок.

„Доколку итно не се запре оваа дивеење, доколку итно не се запре со ловењто на мали кучиња и кучки со кученца, доколку итно не се овозможи влез на активисти и граѓани како надзорно тело на институција чие функционирање плаќаме ние, со наши пари, повторно ќе протестираме и покренеме иницијатива за санкции на Македонија и бојкот во секоја смисла, бидејќи е раководена од примитивци и насилници и претставува мачилиште за животните!“, се вели во реакцијата на „Анима мунди“. 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе