ПОДНЕСЕНА И КРИВИЧНА ПРИЈАВА

Анима Мунди: Казна од 800 евра за скопјанецот што со секира го уби кучето Идриз

Од здружението за заштита на животни Анима Мунди информираа дека врз основ на пријава која ја поднеле во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  против лицето Симо Липски Христовски за мачење и свирепо убиство на кучето Идриз, мирно бездомно куче кое монструмот со секира го закла среде бел ден, е констатирано најгрубо кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните. Врз основ на востановеното дело на сторителот, од страна на Агенцијата за храна и ветерина му е изречена мерка за наплата на глоба од 800 евра и истата е исплатена.

Симо Липски нема да заврши само со парична казна, велат од Анима Мунди и информираат дека е во тек кривичната постапка која е поднесена од нивна страна против Симо Липски во Основното јавно обвинителство со која бараат сторителот да одговара по повеќе кривични основи – мачење животни, предизвикување јавна опасност и со која инсистираме да заврши во затвор, без можност за олеснителни мерки.

„Само преку најстрого санкционирање на садистите во нашата држава, Македонија може да стане цивилизирано и безбедно место за живеење, како за луѓето, така и за животните“, истакнуваат оттаму.

                                                                                       Фото: Призма

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе