Анима Мунди: Ако нема прекин на заловување кучиња ќе организираме протест

„Доколку градот итно не повика на прекин на заловувањето, доколку ветеринарите и понатаму убиваат, а животните не бидат ослободени ќе организираме протест, а за состојбата ќе ја известиме европската јавност и бројни интернационални организации од кои очекуваме и поддршка“, изјавија денеска од Анима Мунди.

Од таму соопштија дека стационарот Вардариште сè уште работи на овие ниски температури, без да ги задоволува условите за престој на кучињата. Тие тврдат дека поради недостиг на услови и соодветна грижа, како и непрекината епидемија од болести, кучињата се мачат и умираат постоперативно. Во прилог, тие испратија и видео.

„Тоа што Вардариште има греење воопшто не е доволно, а секој совесен ветеринар веднаш би потврдил дека во вакви услови стерилизација не смее да биде изведувана врз бездомни животни кои потоа треба да бидат вратени на улица“, стои во реакцијата на Анима Мунди.

Од Анима Мунди соопштија дека убивањето на животни е континурано и алармантно. Велат, се ловат маалски миленици кои граѓаните не успеваат да ги извадат и кои се константно залажувани, а домашните миленичиња на граѓаните на кои им исчезнале се мртви.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе