Алијанса за Албанците и Алтернатива: Шилегов и Смилески ветија, а не донесоа вода во селото Луботен

Бидејќи се наоѓавме во последните денови од летото, Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива - огранок Бутел е денес тука за да ја информира јавноста, но и да реагира на феноменот, кој иако не е стар, продолжува да биде депресивен.

Во селото Луботен во општина Бутел веќе два месеци нема вода во чешмите. И покрај ветувањата на градоначалникот на Град Скопје, Шилегов, и градоначалникот на Бутел,  Смилески, овие обврски што беа дадени и во писмена форма, денес во Луботен сè уште нема вода за пиење во селските домаќинства, изјави денеска од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Ги прашуваме овие господа со каков образ ќе претстават наредната година во Луботен?  Како повторно ќе бараат гласови кога денес во Луботен се сметаат за измамници?  Ќе продолжиме да го следиме овој проблем и да реагираме до надлежните институции. За нас, водата не треба да се менува за глас.  Имаме обврска да им обезбедиме на граѓаните оптимални услови за живот, без разлика на нивната политичка припадност и нивната етничка или верска припадност“, велат од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, огранок Бутел.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе