„Трајановски има долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација“, се вели во соопштението.
Во информацијата е наведено дека Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ - АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот, воедно е стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија.
Во соопштението се додава дека неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје.
Инаку, Абази, која е член на Алијанса за Албанците, вчера поднесе оставка наведувајќи дека Данела Арсовска го прекршила меѓупартискиот договор со именувањето кадри од ДУИ на директорски позиции што, како што рече, им нанеле многу штета на Албанците и на граѓаните на Скопје.
Арсовска потоа реплицираше дека таа функција не се врши од партиски интерес, туку во интерес на Скопје и неговите граѓани.