ГРОМ со нова позиција во главниот град

Александар Трајановски назначен за заменик-градоначалник на Скопје

По вчерашната оставка на Бујаре Абази од позицијата заменик-градоначалник на Скопје, градоначалничката Данела Арсовска донесе експресна одлука - на заменичката позиција е именуван Александар Трајановски. Во соопштението од Градот е наведено дека Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и дека има искуство со оглед и на фактот дека е советник во два мандати. Инаку Трајановски е член на Советот од редовите на ГРОМ, партија што ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

„Трајановски има долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација“, се вели во соопштението.

Во информацијата е наведено дека Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ - АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот, воедно е стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија.

Во соопштението се додава дека неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје.

Инаку, Абази, која е член на Алијанса за Албанците, вчера поднесе оставка наведувајќи дека Данела Арсовска го прекршила меѓупартискиот договор со именувањето кадри од ДУИ на директорски позиции што, како што рече, им нанеле многу штета на Албанците и на граѓаните на Скопје.

Арсовска потоа реплицираше дека таа функција не се врши од партиски интерес, туку во интерес на Скопје и неговите граѓани.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе