Активистите на протест побараа „правда за животните“

Со транспаренти „Бездомни, а не безвредни“, „Во Вардариште ѕверовите се надвор од кафезите“, „Правда за животните“, стотина граѓани и активисти на Здружението за заштита на животни „Анима мунди“, заедно со своите миленици протестираа и бараа правда за животните заловени во стационарот Вардариште.

Протесниот марш започна на Плоштад „Македонија“ и низ улиците продолжи до бараките на Град Скопје под чија надлежност се наоѓа стационарот, јави Мета.

Демонстрантите освен транспарентни со себе носеа и листови на кои беа испишани членови од Законот за благосостојба на животните и извикуваа „Правда за животните“ и „Коце во Вардариште“.

Претседателот на здружението, Столе Велков, изјави дека „девет години се врши хајка и се убиваат бездомните животни, а целта на Вардариште беше јасна, залови, стерилизирај, врати“. Еутаназијата, според него, не може да биде единственото решение за проблемот со бездомните животни. Тој додаде дека ако за еден месец не се исполнат нивните барања, протестите ќе се интензивираат.

Пред бараките на Град Скопје и канцеларијата на градоначалникот Коце Трајановски, активистите побараа да се прекине убивањето во Вардариште и да се раскине договорот за работа со ветеринарната амбуланта Автокоманда, да се дозволи активистите да влезат во Вардариште како овластено тело за надзор во спроведувањето на програмата на Град Скопје и да се отпуштат дел од вработените во стационарот, односно лицето Димче. М и Виолета. Н, кои се препознатливи по својата нехуманост кон кучињата.

Тие побараа да се прекине самоволното заловување на веќе стерилизирани, третирани и обележани кучиња, да се забрани заловување на мали кутриња кои никако не можат да бидат стерилизирани, како и да се предвидат најстроги казни за инспекторите кои ќе ги надминат своите законски овластувања.

Како најважно барање активистите го посочија она до Агенцијата за храна и ветеринарство од која бараат да одговори на сите нивни пријави и да изрече соодветни казни за секое институционално или индивидуално прекршување на Законот за благосостојба на животни.

Активистите укажаа дека носејќи ги во Вардариште, 90 отсто од малите кучиња умираат од изгладнетост, епидемии, негиража и смрзнување.

Протестот го поддржа и Мото клубот „Потфат мц“.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе