Ако ве нападне куче скитник отштетата е од 60.000 до 180.000 денари

Секојдневно полициските билтени се полнат со вести за скопјани и скопјанки нападнати од кучиња скитници, но ваков проблем нема само во Скопје, туку и во сите градови низ Македонија.

Последниот случај е завчера на Плоштадот Македонија. Во 16,00 часот во Полициската станица Центар, 81-годишниот В.В. од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот на Плоштад Македонија, возејќи се на велосипед бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

Во случај да ве касне улично куче, може да барате оштета од Град Скопје и „Комунална хигиена“. Висината на отштетата е од 60.000 до 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе