На Точак

Акција за подигнување на свеста за алтернативни премини за велосипедисти и пешаци

Пешаци и велосипедисти во координација со здружението „На точак" денеска преку едночасовна акција на крстосницата на булеварите „Партизански Одреди" и „8 септември" ќе се обидат да ја подигнат свеста кај јавноста и да ги повикаат институциите да обезбедат алтернативни велосипедски и пешачки премини кога се изведуваат градежни работи.

Учесниците во акцијата ќе направат жив штит кај крстосницата кај ГУЦ „Здравко Цветковски“ каде се изведува градежен зафат со цел во периодот од 17 до 18 часот да обезбедат безбеден премин за пешаците и велосипедистите преку оваа критичка точка.  

„Мотивот за акцијата, саркастично насловена „Национален ден на немање безбедна патека при градба“, е долгогодишниот и репетитивен проблем на необезбедување на алтернативни премини за корисниците на пешачките и велосипедските патеки при изведување на градежни работи. Честопати при градежните интервенции се случува овие патеки да се блокираат целосно и во времетраење од неколку месеци, без притоа да се обезбеди алтернатива за движење во тој дел на патеките“, велат организаторите.

Според нив, ваквите ситуации ги доведуваат во опасност пешаците и велосипедистите, а државата нема правилници за оваа проблематика.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе